Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: акутен апендицит -аppendicitis ac

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне за Акутен апендицит -аppendicitis ac, за што вели:-Акутен апендисцитис претставува остро воспалување на црвовидниот израсток apendix vermiformis слеп дел на дебелото црево -цекумот кое бара итна хирушка интервенција. Најчесто заболуваат лица до 30 годишна возраст и е најчесто кај деца. Клиничката презентација е со остри болки кои можат да се во епигастриум, лев хипохондриум, но потоа се лоцираат најчесто во десна илеоцекална регијатипично место за апендисцитис, гадење повраќање висока температура. Лабораториски често има висока леукоцитоза и зголемени седиментација и CRP. Атипични локации се во епигастриум, зад цекум  во мезентериум на црева итн. Палпаторно при остра компресија во десна илеоцекална регија имаме болка и при нагло пуштање на абдоминалниот ѕид знакот на  Blumberg I II, потоа Cruger  знак при компресија во илеоцекална регија и свиткување на десната нога во потколеницата,како и знакот на Ситкивски нагло вртење на пациентот во лева бочна положба.

Една од поновите примени на Ехо -ултрасонографијата е во дијагностицирање на слепо црево -акутен апендисцитис при постоење на тубуларна формација со дијаметар над 6 мм некомпресибилна при притисок со сондата и задебелени ѕидови во областа на илеоцекалната регија над .m.psoas понекогаш со присуство на слободна анехогена течност во околина што укажува на перфорација со иритација на перитонеум.

Лекувањето е со класична и лапараскопска хирушка интервенција.