Press "Enter" to skip to content

Привршува уредувањето на просторот за нови содржини на ски-патеката “Копанки“ (фото)

Активностите за уредување и збогатување на просторот со нови содржини на ски-патеката Копанки привршуваат. Токму ова место денеска го посетија членот на ИО на СДСМ, Васко Ковачевски и кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски.Екипи на РЕК Битола, ФОД и Хотел Молика направија генерален ремонт на ски лифтот. Хотел Молика доби детски ски-лифт, а долниот дел од патеката ќе добие платформа каде посетителите ќе можат да уживаат на сонцето со чај, кафе, сендвичи. -Во овој период, се направи комплетна санација на жичарницата која што се протега од Бегова чешма до Копанки и генерален ремонт на ски-лифтот на потегот од Копанки до Извидница, ремонт кој што не е направен децении наназад, ремонт со кој ски-лифтот ќе добие поголема сигурност и стабилност, но и зголемување на капацитетот на љубителите на скијањето. Истовремено, работиме и на проширување на содржините на овој ски-центар, тоа е изработката на оваа мултуфункционална платформа на која што нашите посетители ќе можат во неа да уживаат и притоа да го користат најголемото богатство на планината – сонцето, затоа што тој потег досега беше неискористен.Вработените, невладините здруженија, скијачите, планинарите, сите оние кои што ја сакаат планината во изминатите неколку месеци заедно со нас го чистат и делот на теренот каде што е ски-патеката за да имаме подобра функционалност во делот кога ќе имаме снег и ски центарот ќе биде во полна функција. Пелистер е најголемото богатство за нас битолчани и токму затоа околу планината треба да се обединиме сите, меѓутоа обединувањето да биде околу сé она што ќе значи подобро живеење на сите нас битолчани, рече Ковачевски.Кондовски пак посочи дека со овие активности, драстично ќе се подобрат условите за посетителите и скијачите.Ова е чекор напред кон она што сакаме да го постигнеме, а тоа е битолчани да имаат реални услови и сите посетители да имаат најдобри можни услови за скијање, спорт и рекреација. Заедно со компаниите, заедно ние како идна локална самоуправа, заедно со сите здруженија на граѓани, љубители на спортот, ќе се трудиме да се обединиме и ќе се обединиме околу тоа Пелистер да биде едно туристичко место, да го развиваме туризмот, спортот и рекреацијата. Лично како иден градоначалник ќе се заложам и домот Копанки да излезе од судските лавиринти, да заврши спогодбено и конечно Копанки да биде во рацете на битолчани“, рече Кондовски.За Кире Марков, познат скијачки тренер, ова ќе придонесе поголем број посетители и скијачи.Ова е благодет, ниеден град, ниедна општина нема толку блиску излетничко, скијачко место како Битола што има. Јас сега сум дојден со велосипед од Битола. Инаку доаѓаат посетители од Кочани, Струмица, има во хотелот. Сега само снег чекаме, со оваа патека ќе имаме сигурно скијачи и посетители. А со платформата уште поубаво ќе биде. Ќе седат на сонцето и ќе ги гледаат каде што скијаат дечињата, рече Марков.