Press "Enter" to skip to content

Реми на Еурофарм Пелистер 2 на гостувањето во Струга

Струга – Еурофарм Пелистер 2  30:30 (17:15)

Спортска сала: „Нико Нестор“ – Струга, гледачи: 300
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски

Струга: Тутенкоски, Маркоски 1, Јанковски 1, Крстаноски, Савески, Пајкоски 1, Блажески 7, Ѓорѓиевски 1, Јанкуловски, Матовиќ, Барјактаревиќ 3, Дукоски, Кастратовиќ 8, Н. Цветаноски 4, Костоски 4, Нацев  

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски 1, Ристевски, Ц. Кузманоски 9, Буторац, В. Димитровски 1, Митревски, Петровиќ 7, Андонов, Димитриоски 1, Талевски, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 5, Белистојановски, Ѓукиќ 2, Блажевски, Арсеновски 2

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 се враќа со реми во Битола од гостувањето во Струга откако одиграа нерешено 30:30, полувреме 17:15.

Еурофарм Пелистер 2 без тројца првотимци го започна натпреварот, а домаќините започнаа агресивно и имаа  2-3 гола разлика, а потоа Еурофарм Пелистер 2 дојде до нерешено 14:14 во 28. минута, но сепак на одмор домаќините заминаа со +2.

На почетокот на вториот дел “пелистерци“ го полнеа голот на домаќинот, и од -2, дојдоа до +4, а потоа Стружани намалија на -1. Следеше игра гол за гол и драматичен финиш, а на крајот Еурофарм Пелистер 2 имаше +1, но во последната минута домаќинот израмни. Потоа двете екипи имаа удар кон гол за победа но немаше промена.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Кузманоски со 9 и Петровиќ со 7 гола.  

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »