Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и посвежо, попладне облачноста ќе се намали

Денес, недела, 24 октомври, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во Битола до 14 степени.

Утре, понеделник, 25 октомври, времето во Битола ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 13 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »