Пелистер – Кожув 96:67
Кошаркарите на Пелистрер продолжуваат со серијата победи, а со вечерашната над Кожув во Битола имаат 4 од 4 кола. Во последниот натпревар од 4. коло, во салата “Боро Чурлевски“ во Битола го совладаа Кожув со 96-67, пред околу 1.000 љубители на кошарката.Гостите од Гевгелија почнаа одлично и поведоа со 1:7, а потоа се беше во знак на “пелистерци“, кои прво ја стопија предноста, а на крајот од првата четвртина имаа +8.
Пелистер моќно ја почна и втората четвртина, а предноста беше двоцифрена, а на одмор се отиде со +19 за “пелистерци“ 49:30.
На почетокот на третата четвртина Пелистер имеше предност од +29, а тоа веќе значеше и сигурна победа, а на гостите им остана само да го доиграат натпреварот. Тренерот Илиевски им даде можност да играат и најмладите битолчани, Најдовски и Сердаров, а тоа беше поздравено од публиката.
На крај натпреварот заврши 96:67, а најефикасни кај Пелистер беа Младеновски со 17 и Трајковски и Кесар со по 16 поени.