Press "Enter" to skip to content

Пелистер останува без ниту една победа, поразен во Битола од Брегалница (фотогалерија)

Пелистер – Брегалница 0:3 (0:1)

Екипата на Пелистер од Битола продолжува со лошите игри и поразите во Првата македонска фудбалска лига и останува единствениот прволигаш без победа и по единаесет одиграни кола. “Пелистерци“ во 11. коло на свој терен, под Тумбекафе се поразени од Брегалница, со 0:3, полувреме 0:1.Од старт0т на натпреварот, бележиме неколку напади на штипланите кога биеја кон голот на Трајчевски, Маневски, Стојанов, Додев и Алтипармаковски, но “пелистерци“ се одбранија. Прв кај Пелистер се обиде Антонио Глори, кој шутираше над пречката, а во 25. минута Здравевски биеше со глава, но гостинскиот голман одбрани. Драгарски постави нога, во моментот кога Алтипармаковски биеше, судијата покажа на белата точка, а Мартин Стојанов донесе предност за штипјани 0:1.“Пелистерци“ заиграа поангажирано во вториот дел и тоа донесе две големи шанси за израмнување. Французинот Антонио со удар од полудесно, а во 58. минута домаќините бараа пенал, но не го добија, па поради протести Капинковски доби црвен картон, а екипата ја водеше од трибините. Денковски со фантастична парада го одбрани ударот на Јуфо. Откако “пелистерци“ не ги искористија своите шанси, Стојанов со својот втор гол го реши победникот за 0:2. Пред самиот крај на натпреварот Коцев ги постави конечните 0:3.По единаесет одиграни кола во Пелистер со четири бода останува на последната позиција на табелата.

More from ВестиMore posts in Вести »