Press "Enter" to skip to content

Пораз на одбојкарките од шампионот во Битола (фото)

Пелистер Волеј – Јанта Волеј КВ 0:3

(09:25; 12:25; 17:25)

По победата во Скопје на одбојкарките Пелистер Волеј во првото коло тие беа поразени од шампинот Јанта Волеј, во второто коло во една и слаба игра каква одамна не паметиме одбојкарките без разлика дали играат во Битола или во гости.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, по натпреварот со критики до своите одбојкарки за лошо одиграниот натпревар во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, можеби тоа што за прв пат играа во “големата“ сала за нив е оправдување.-Секој пораз е тежок, но начинот на кој го одигравме натпреварот заслужува секаква критика. Потфрлање во секој поглед, без нималку желба за надигрувања, празно и неодговорно, натпревар од кој треба да извлечеме поука како не смееме понатаму. Кога се бранат боите на клубот и градот мора да се игра од почеток до крај, да се гини за секој поен, но оправдување нема, вели Митковски, кој за тоа ќе ги мотивира за понатамошните натпревари кратко додава:-Решенијата ќе ги бараме во деновите пред нас, затоа што сепак ова е само почеток на сезоната, има доста да се игра и време да промениме некои навики кај одбојкарките и секако да се вратиме на старата игра која сите ја посакуваме да ја играме и да победуваме.Митковски се заблагодариме на верната публика за поддршката, а воедно и им се извини за ваквата лоша игра, а на противникот му честита за заслужената победа.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »