Press "Enter" to skip to content

Апел за помош на битолчанката Ани Митревска

Ова е борба во која сите треба да се вклучиме и ова е моментот кога треба сите да му помогнеме на Ани како што таа му помагаше на илјадници луѓе кои побарале помош од неа. И самата таа неможе да ги преброи луѓето на кои му има помогнато. Затоа, апелираме до секој кој може и сака да помогне да донира колку што може на линкот за донации, има и трансакциона сметка, ќе има и телефони за донации, ќе бидат поставени и кутии за донација од Црвен крст. Посакуваме овој пост да допре до што е можно повеќе луѓе и искрено се надевам дека ќе успееме да ги собереме потребните средства за терапијата на Ани.

А ти Ани, знам дека ќе го прочиташ ова!Остани таква каква што си, биди борец каков што си, биди она што ти го бараше од луѓето, задржи ја насмевката, позитивната енергија и желбата за живот. Не си сама, имаме уште многу борба пред нас.Од срце ти посакувам брзо опоравување, стои во апелот на Драган Велјанов  од здружението “Земи здив“.

Трансакционата сметка на Ани е 2️⃣1️⃣0️⃣5️⃣0️⃣1️⃣6️⃣7️⃣4️⃣3️⃣4️⃣1️⃣0️⃣.0️⃣8️⃣

Да помогнеме кога е најпотребно!

More from ВестиMore posts in Вести »