Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: повредени малолетници на мопед на “Широка“ и физички напад во Долно Оризари

На 24.10.2021 во 19.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улицата „Широка“ и „Смилево“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42 годишник од Битола и мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а малолетниот сопатник на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 24.10.2021 во СВР Битола, З.С. од село Долно Оризари, битолско, пријавил дека пред неговата семејна куќа, тој и Т.С. биле физички нападнати од соседот од село Долно Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »