Press "Enter" to skip to content

Димитар Симовски – Рашката промовиран во играч во “А“ болијард дивизијата

На 4. по ред мастерс од “Б“ дивизијата кој по обичај се игра во “Гран клуб“ во Скопје повторно се играше “мултибол“ дисциплина, а како и секогаш од Битола најредовни играчи Тони Петровски и Димитар Симовски Рашката.

После шокот од минатиот мастерс Тони Петровски се созеде и успеа да забележи две победи,  неговиот колега од Битола Димитар Симовски – Рашката со рутинирана игра стигна до полуфиналето и уште еднаш покажа дека неговото место е во “А“ дивизијата што и теоретски го обезбеди со освојувањето на третото место.За две недели следува последниот мастерс кој е шанса за Тони Петровски да избори добар пласман и догодина Битола да има 5 од вкупно 16-те места во “А лигата“.

Инаку тоа е и увертира за престојното учество во Србија на турнир кој традиционално го одржува еден од најдобрите билјард тренери во светот и своевремено меѓу најдобрите светски играчи Шандор Тот кој патем е и трикратен европски првак. Домаќин и главен судија на турнирот е битолчанецот Владимир Илиевски кој е најпознатиот македонец кој се занимава со билјард инаку познат меѓународен судија и промотор на македонските играчи. На овој турнир ќе настапат минимум 7 играчи кои што тренираат “Кај Петчи и Панчо“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »