Press "Enter" to skip to content

За Петар Мирчевски награда за животно дело “4-ти Ноември“, годинава нема годишни награди

Со одлука на Управниот одбор за доделување на 4-то ноемвриските награди, највисоката општинска награда по повод ослободувањето на Битола за 2021 година, ќе ја добие доајенот на македонското глумиште, актерот Петар Мирчевски.

Наградата на Петар Мирчевски ќе биде врачена на свечена академија која традиционално се организира по повод празникот, ослободувањето на градот.

Петар Мирчевски-Пепи, актер во НУ Народен театар-Битола каде одиграл бројни претстави, а настапувал на сцени во Европа и светот. Настапувал во домашни и странски филмови “Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Превртено“…  Во својата кариера има добиено многу награди.

Годинава нема да се доделуваат подинечните награди за годишни остварувања, за нов конкурираа Марија Магдалена Петковска Микаровска, Михаил Досевски, Мирјана Стојановска, Мила Нечовска, Јован Секуловски, Весна Христовска и Народниот театар Битола.

Инаку за наградата за животно дело конкрурира и Петар Ставрев- фоторепортер, Петре Димовски – писател, Лилјана Спировска – поранешен британски почесен конзул и Томислав Зиновски – пензиониран ортопед. 

More from ВестиMore posts in Вести »