Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: награда и казна во воспитување на детето

На барање на мајката од цвојата ќерка да ја среди својата растурена соба … Ќерката тинејџер одговорила: А колку пари ќе добијам! Ова може да ви се случи доколку од мала возраст наградувате некое однесување на неправилен начин.

Повеќето родители сметаат веруваат дека во насока да воспитаат  “добро дете“, потребне е да го контролираат, а ќе имаат  контрола врз него со тоа што ќе го казнуваат  кога направи нешто лошо или наградуваат или пофалуваат  кога направи нешто добро.

Казната и награда  комплетно  го тргаат вниманието од чувствата на детето. Тие ја убиваат инстиктивната мотивација и го охрабруваат егоцентричното мислење. Наместо да забележуваат како нивните акции афектираат кон  другите тие обично се загрижени за последиците од казните или наградите.

Друг  пример од секојдневниот живот, ако го удриш брат ти или сестрата, ти сигурно нема или обично невозможно е да седнеш до него  за да сочуствуваш со неговите чувства на болка  и да го утешуваш и прашуваш како се чувствува, туку однесувањето и чувствата ќе бидат насочени кон очекување  казна и како да се спасиш од неа.

Некои експерименти покажале дека наградата, дури е понеефективна  од казната и има негативно делување, односно има контраефект. 

Истражувачите пронашле деца кои се наградувани кога прават нешто, тие не се сметаат за себе дека се добри, односно тие го насочуваат однесувањето кон  наградата, потоа кога не се добри и наградувани тие и не се трудат да им помагаат на другите. Психологот, Алие Кох, вели: после се, тие научуваат дека главна цел е да се се добие награда. 

Децата кои растеле по системот на награда и казна големи се шансите на крајот да прераснат во користољубиви и себични личности и воопшто да не развијат внатрешна мотивација која ќе ги тера да се движат напред во ситуациите каде не забележуваат директна награда за вложениот труд.

Кај ваквите деца воспитувањето е сведено на еден вид дресирање, па тие знаат што треба да направат за да ја добијат посакуваната награда. Или пак да развијат бунтовност кон која често се води со извршување на постапки, на сопствена штета, предводени само од тврдоглавост.

Заради тоа потребно е правилно дисциплинирање на детето и низ разговори да се објаснува кое однесување и зашто се се казнува или наградува.