Press "Enter" to skip to content

Кондовски: Битола ќе добие “Шелтер центар” каде жените ќе бидат безбедни, ќе го трасираат и својот пат кон финансиска стабилност и независност

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ , Христо Кондовски денес на прес-конференција зборуваше за родовата еднаквост и формирање на центар за поддршка и различни видови на помош за жени:

-Родовата еднаквост е европски и светски принцип на 21-виот век кој мораме да го почитуваме. Родовиот институционален баланс е предизвик и за македонското, за битолското општество. Неопходно е да обезбедиме поддршка на жените во нашата заедница, во нашата oпштина. Моја лична заложба е истата да биде институционално присутна и ефективна. Затоа најавувам формирање на Центар за поддршка и различни видови на помош за жени во делот на правна, социјална и психолошка поддршка, посебно на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство. Центарот ќе се формира во соработка со здруженијата и фондациите кои работат во оваа област. Предвидуваме шелтер центар, преку кој жените покрај тоа што ќе добијат безбедност, ќе го трасираат својот пат кон финансиска стабилност и независност за себе и за своите деца.

Исто така, ќе изградиме ЧУПЕ ПАРК. Простор оплеменет и прилагоден за одржување на настани во организација на женските здруженија. Паркот ќе биде опремен со реквизити за забава и разонода  за млади мајки, пензионерки, спортистки, за сите жени во нашиот град. Овој проект ќе се реализира во соработка со јавните претпријатија Комуналец и Нискоградба.Општината за оваа цел ќе намени буџет од 20.000 евра. Ќе бидат отворени и клубови и здруженија на рурални жени. Тоа ќе го зголеми бројот на жени кои се регистрирани како самостојни земјоделки и жени сопственички на земјоделско земјиште или имот. Овој проект ќе се реализира во партнерство на општината со УСАИД и УНДП програмите. Со нивна помош ќе се изврши опремување и адаптација на просториите кои се во сопственост на Општина Битола. Само со взаемна почит и рамноправност Битола можеме да ја градиме како здраво и напредно општество.

More from ВестиMore posts in Вести »