Press "Enter" to skip to content

Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ: веројатно е дека зимава ќе има рестрикции на струја

Денес во Битола престојуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој заедно со Пеце Милевски- претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и Тони Коњановски – кандидат за граданачалник на Битола одржа прес-конференција пред РЕК “Битола“ на која зборуваше за состојбата со електричната енергија.

-Денеска еве повтoрно сме во Битола, но оваа изјава и оваа прес – конференција има и национално значење. Пoзади мене е Комбинатот кој што прпизведува преку 80 % од електричната енергiја која што ја троши  Македонија. Позади мене е практично срцето на македонската економија и на македонските домови. Но, за жал, позади мене е и Комбинатот кој што изминативе пет години кнтинуирано е уништуван за да стигне до фаза да има најави од Зоран Заев дека меќу 2005-2027 година целосно ќе биде изгаснат. Неговото гаснење, исто така, значи уништување на животите на пет до седум илјади битолчани кои што директно или индиректно ја наоѓаат својата среќа или егзистенција преку Комбинатот туку, исто така, значи уништување на македонското стопанство. А најдобар доказ за тие волунтаристички политики е она што се случува во моментов во Македонија.

Ќе бидам директен и отворен многу, веројатно Македонија ќе нема струја во текот на зимата. Многу веројатно во Македонија ќе има рестрикции за струја во текот на  зимата и тоа е така не само заради енрегетската криза во Европа, која што е факт и која што се случува, туку пред се заради неодговорното работење. Граѓаните треба да знаат дека Македонија има доволно капацитетин да ја произведе целокупната струја која што ја троши. Кога би работеле како што треба РЕК Битола РЕК Осломеј и Хидро-централите во Македонија, Македонија целокупната потребна електрична енергија и за домаќинствата и за стопанството може да ја произведе дома, по исклучително ефтина цена. Но, заради неодговорниот однос тоа не се случува. Капацитетот на РЕК Битола е 660 мегавати на час, во монетов со сите најави кои што ги прават работат само два блока со минимум капацитет од 120 до 130 мегавати. Што значи, дека двата блока кој што во моментов работат, произведуваат колку што би произведувал еден блок кога оптимално би се работело, итоа додека има јаглен, а јаглен има многу малку. Според нашите сознанија само за неколку дена. Во овој момент се прави откривка на дополнителен јаглен од некаде околу 200 илјади тони, кој што е доволен за две недели и после тоа повторно ќе има проблем со производство на електрична енергија. Концепт не гледаме, решение не гледаме. А, решение не гледаме затоа што години наназад Комбинатот се уништуваше и не се ископуваше доволно јаглен  со кој што би можело да работи, ниту се правеа правилни ремонти, ниту се работеше добро, тоа го знаат стручњаците многу подобро од сите нас.

More from ВестиMore posts in Вести »