Press "Enter" to skip to content

Во Битола 20 нови позитивни на ковид-19, оздравени 12, починато едно лице на 71 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, се направени 3.622 тестирањe, а регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 20.

Регистрирани сe 497 оздравени пациент од Битола се 12.

До сега во Битола има 7.361 случаи на ковид-19, а активни се 207 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10  починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 71 година.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 57 и преку “Плодност“ 31 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.369.624 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191.

More from ВестиMore posts in Вести »