Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер се врати од -8 и со реми се враќа во Битола од Швајцарија

Кадетен Шафхазен – Еурофарм Пелистер 28:28 (16:11)

Екипата на Еурофарм Пелистер во тежок натпревар во Швајцарија, како и најавија пред заминување Бабиќ и ракометарите, го освои првиот бод “Д“ групата на Европската лига, со резултат 28:28, полувреме 16:11, а одлучувачкиот гол го постигна капитенот Јосип Периќ во последната секунда. Еурофарм Пелистер лопо тргна на стартот на вториот дуел во Евролигата и со серија на грешки му овозможи на Кадетен Шафхаузен да поведе со 3:0. По тајм-аутот на Бабиќ ништо не се промени и Швајцарците направија разлика од +5, 6:1, а потоа во 19. минута имаа +7. Во финишот Мандалиниќ намали на 15:10, а на одмор се отиде со 16:11.

Вториот дел започна во знак на Шафхаузен, и дојдоа до +8 (20:12). Следуваше серија на битолчани преку Периќ и Граџан 3:0. Потоа следува добри минути на “пелистерци“ кои намалија на -3 (21:18). Потоа следуваше 22:20, а во 55 минута беше +3 за Кадетен Шафхаузен. Маркоски намали на 28:27 во 59. минута по следуваше исклучување на Танкоски, но погрешната замена значеше топка за Еурофарм Пелистер. Во таков амбиент игра Периќ во последната секунда обезбеди бод. Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Периќ со шест и Мандалиниќ и Граџан со по четири погодоци.

Во 3. коло на групата “Д“ Еурофарм Пелистер  на 16 ноември битолчани гостуваат кај АЕК во Атина. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »