Press "Enter" to skip to content

Кондовски: нови инвестиции во комуналната хигиена во Битола

Кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски, зборуваше за комуналната хигиена во Битола, за одржувањето и новите вложувања:

-Одржувањето на високо ниво на јавна комунална хигиена е една од основните обврски во општинското работење. Токму комуналната хигиена е показател за локалното ниво на култура, организираност и ажурност. Градот мора да биде чист!

Како идна локална самоуправа најавуваме поставување на 60 подземни контејнери на 15 реонски локации во централно градско јадро, во вредност од 15 милиони денари. Исто така, ќе бидат набавени 4 нови модерни возила за подигање на отпад, како и 1200 нови контејнери од различен тип и големина, во вредност од околу 35.000 милиони денари. Новина ќе биде воведувањето на Вендинг машини за селекција на отпад и постапување со истиот. Вредноста на овој проект изнесува 10 милиони денари.

Ќе се одреди и изгради и нова локација за одлагање на некомунален и неопасен отпад. Со тоа двојно ќе се зголеми постоечкиот капацитет за одлагање на овој тип на отпад. Но, вложувањето во комуналната хигиена мора да оди рака под рака со јакнење на еколошката свест на граѓаните. За таа цел предвидуваме јавна кампања под мотото: „Да ја негуваме јавната хигиена како сопствениот дом“.

More from ВестиMore posts in Вести »