Ротари клуб Битола Широк сокак преку платформата ZOOM успешно одржа “он-лајн“ трибина за одбележување на Меѓународниот ден на полиото од отворен карактер, која беше проследена од преку 50 учесници.-Оваа “он-лајн“ трибина беше организирана по повод Меѓународниот ден на полиото, а настанот е организиран во соработка со нашиот збратимен клуб Ротари Клубот Логатец од Словенија. На трибината се вклучија и претставници од нашиот збратимен клуб од Aurganabad West од Индија, рече Владимир Христовски, претседател на Ротари клуб Битола Широк сокак, кој упати и благодарност до сите учесници на трибината.
На трибината своја презентација имаше д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар во специјалистичката гинеколошко акушерска болница “Плодност“ од Битола, која беше и модератор на целиот настан.
На трибината зборуваа уште и идниот избран гувернер на дистрикт 1912 за 2020/2023 Раде Христовски, Alja Žorž – Претседател на комитетот за меѓународна соработка на Дистриктот 1912.
На присутните им се обратија и претседателите на клубовите кои го организираа овај настан.

“Он-лајн“ трибина на Ротари клуб Битола Широк сокак за меѓународниот ден на полиото
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: две кошаркарски легенди кои ги “личи“ да бидат “на кошарка“
- 42 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на СВР Битола
- Пелистер го победи Еуро Никел во Битола и го направи првиот чекор кон финалето (фотогалерија)
- Регионалната комора од Битола организира средба во Стење на претставници од Лерин, Пела, Аминдео и Преспа на градовите и коморите
- Жарко Пешевски нов кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер, во Битола останува три години