Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајни контроли за пречекорување на брзина, возење без возачка дозвола…

На 25.10.2021 на подрачјето на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле констатирани 7 прекршоци, од кои 5 за пречекорување на дозволената брзина во населено место и 2 за возење со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место.

Санкционирани биле и други видови на прекршоци од кои 12 за управување возило без возачка дозвола, 12 за разговарање на мобилен телефон, еден прекршок за некористење на сигурносен појас.

За сите неправилности издадени се соодветни налози.