Press "Enter" to skip to content

Трајковски втор, Думевски третопласиран на мастерсот од “А“ дивизијата во “амерички пул“ билјард

Викендов во Тетово се одржа претпоследниот мастерс од “А“ дивизијата во “амерички пул“ билјард, а се играше “14.1“ на која настапија и играчите од Битола, кои освоија едни второ и едно прво место.

Битолската екипа настапува во елитата со добро познатиот состав и тоа Илче Трајковски, Тино Бојаџиев и Горан Думевски.

Илче Трајковски на кого веќе се навикнавме да го гледаме во завршниците, ќе мора да работи на својата концентрација во финалињата за да таа своја недореченост не го спречува и понатаму да биде најдобар, како овој пат кога беше на чекот до победата, но мораше да се задоволи со второто место.

Вистинско освежување на турнирот беше највозрасниот играч на првенството Горан Думевски – Панчо кој со своите 51 година уште еднаш покажа дека возраста не го спречува да иста желба и жар да игра и да сака да победува победувајќи во серија играчи кои се повисоко пласирани од него. Со ова трето место сега веќе има 7 пласмани меѓу првите тројца на државните првенство кој се надеваме ќе се зголемат. По победата Думевски јавно се заблагодари за фер-плејот на Тале Самарџиоски со кого долги години негуваат одлични односи.

Тино Бојаџиев кој го освои седмото место.

После овој мастерс Илче е сигурен во горниот дел, а останатите се во безбедна зона со надеж дека догодина ќе има сигурно четворица, а можеби и петмина во најсилното натпреварување.

Инаку, “амерички пул“ билјард е игра која што доста се промовира во светот и е тотално непозната, а и првпат се игра кај нас, но се работи за дисциплина која што иако навидум лесна, крие многу замки и скоро е невозможно при голема квалитативна разлика меѓу опонентите да добие послабиот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »