Press "Enter" to skip to content

Библиотеката го одбележува месецот на книгата, денес имаа читања и беа на гости во “Св. Климент Охридски“

НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола со повеќе настани го одбележува месецот на книгата, а денес се одржаа две читања во нивните простории, а библиотекари беа во посета на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола.

Во две четврти одделенија од ОУ “Стив Наумов “- Битола заедно со нивните наставнички Наташа Костовска и Гордана Трифуновска се одржаа две работилници кои ги водеше библиотекарот Јасминка Кочевска. Во почетокот се разговараше за значењето на пишаниот збор, за нивната заинтересираност кон пишаниот збор и дали некој од нив веќе е член во нашата библиотека, кои книги и јунаци им се омилени. Овој пат учениците имаа можност да го слушнат расказот “ Необичен ѕидар“ од македонскиот писател Ванчо Николевски, од неговото дело “Раскази“.Исто така денес библиотекари од НУУБ “Св. Климент Охридски“- Битола ги посетија учениците од прво-б одделение од ООУ„Елпида Караманди“-Битола и нивната наставничка Гордана Марковска- Угриновска. Учениците имаа можност да ја слушнат прекрасната бајка „Девојчето и дванаесетте месеци„ од книгата Бајки од Македонија“ која им ја прочита библиотекарот Гордана Ѓоргиевска-Неделковски. Оваа бајка праќа силна порака за силината на зборовите кои ги испраќаме кон другите.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »