Press "Enter" to skip to content

Кондовски: Битола ќе добие современа противпожарна заштита

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Христо Кондовски, денес заедно со дел од идните советниви во Советот на Општина Битола зборуваше за противпожарната заштита:

-Почитувани сограѓани, Битола ќе добие современа противпожарна заштита по теркот на модерните европски градови. На тоа не обврзува и традицијата. Битолската противпожарна станица е формирана во 1836 година. Првиот противпожарен одред во градот е и прв на Балканот во тоа време.

Битолската станица е значаен регионален противпожарен центар. За да го зачува тој епитет потребни се нови и сериозни инвестиции. Во таа смисла најавувам изградба на нов современ објект за противпожарна заштита кој ќе биде лоциран во комплексот на АРМ. Истиот ќе биде изграден по најсовремени стандарди и ќе ги исполнува сите потребни услови за непречено функционирање на единицата. Предвидени се и нови 15 вработувања на пожарникари. Дополнително, комплетно ќе се обнови опремата на пожарникарите. Ќе се набават нови противпожарни возила за новата, но и за актуелната противпожарна единица.

Финансирањето на овој проект ќе биде преку општината, централната власт, невладини организации и фондации и странски проекти. За оваа цел општината по брза постапка ќе ја реализира целосната документација во согласнот со ГУП и ДУП.