Press "Enter" to skip to content

Николовски и Коњановски на средба со пензионерите

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николовски, заедно со кандидатот за градоначалник на Битола – Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски и пратеничката Олга Лозановска на Широк Сокак остварија средба со пензионери, по која Николовски изјави.

-Главно пензионерите се загрижени за актуелните случувања во Македонија ги мачат овие проблеми- финансиски и владеење на правото. Секако се загрижени и за пензиите кои што им се намалени за 1.000 денари заради лошата методологија на пресметка. Знаете дека ВМРО ДПМНЕ кога е на власт работи во интерес на пензионерите, кога е СДСМ на власт се намалуваат пензиите а кога е ВМРО на власт растат пензиите, така што во следниот период после промената на владата очекуваме пензиите повторно да растат. Разговаравме и за она што им е битно во Битола и за аспектите кои што им се битни во Битола, што може да направи новиот градоначалник Тони Коњановски за да им помогне. Се на се, една корисна дискусија од која што очекувам позитивни рефлексии во следниот период.

More from ВестиMore posts in Вести »