Press "Enter" to skip to content

Периќ и Бабиќ задоволни по освоениот бод во Швајцарија: излеговме од “црна дупка“ на -8 гола

Последниот гол за Пелистер, во последната секунда во Шафхаузен, Швајцарија го постигна капитенот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ и со реми 28:28 и голем бод се враќаат во Битола. Бекот на Еурофарм Пелистер по завршување на натпреварот изјави дека е среќен и задоволен што успеале да излезат од „црната дупка“.

-Немам што многу да кажам, преморен сум и полн со емоции. Имавме многу лош резултат, а тоа е емотивно тешко. Бевме во „црна дупка“, но успеавме да се вратиме. Одигравме добро второ полувреме, а на крајот не посака и среќата. Мислам дека го заслуживме овој бод. Одигравме навистина добар дуел и уживавме на ова гостување“, изјави Периќ 

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ на официјалната прес-конференцијата по завршување на натпреварот го анализираше чудниот тек на натпреварот, но прво им честита на ракометарите.

-Сакам да им честитам на ривалите, одигравме навистина интересен натпревар. Морам да бидам искрен, ова беше сличен натпревар како тој лани во Битола. Ние тогаш водевме со седум гола, а мислам дека на крајот во последните секунди примивме гол.  Горд сум на момците, покажавме карактер и многу е тешко е сега да бидам паметен и да зборувам. Не победивме минатата сезона на гости, па за мојот тим ова е важно. Јас во кариерата тука играв и водев тимови, никогаш не победив или освоив бод. Не е лесно да се игра со Кадетен кој има одличен тренер. Благодарен сум на моите играчи, но и на домаќинот и противничкиот тренер. Среќен сум за резултатот бидејќи користевме некои повредени играчи, ама тоа е спортот, изјави Бабиќ.

Пелистерци денес се враќаат во Битола, а веќе во сабота ги чека натпревар од 9. коло против Металург.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »