Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: двајца битолчани уапсени за поседуање хероин, сообраќајни контроли

На 26.10.2021, полициски службеници од СВР Битола и САЕ “Тигар“ на ул. „Осма” во Битола, ги лишија од слобода 33 и 31 годишници, двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени девет пакувања хероин. Тие биле приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство по член 215 од Кривичниот законик.       

На 26.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 8 мерки и тоа 4 мерки против возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина надвор од населено место и 4 кои ја пречекориле максималната дозволена брзина во населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »