Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер со соопштение за судиските неправди во текот на есенскиот дел

По повод судиските неправди кои и се нанесени на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола, клубот тоа го потенцира преку соопштение во кое се вели:

-ФК Пелистер реагира и го нагласува нерамномерниот критериум на судиите на натпреварите од првите единаесет кола на Првата Македонска фудбалска лига. Многуте погрешни одлуки на штета на нашиот клуб директно влијаат на конечниот исход на натпреварите а со тоа и на позицијата на табелата на екипите во првенството.

Сакаме да го издвоиме последниот случај и арбитражата на судијата Јован Качевски на вчерашниот натпревар во Битола, кој наместо да биде казнет заради своите одлуки, истиот е награден со позитивна оценка од страна на контролорот Ванчо Костенчев. Видео материјалот во прилог ја потврдува (не)исправноста на неговите одлуки на вчерашниот натпревар. Затоа, бараме од Судиската комисија да се преиспита делегирањето како на судиите, така и на контролорите кои што ги оценуваат судиите, и во понатамошниот тек од првенството да се делегираат судии кои што се способни мирно, правилно и непристрасно да одлучуваат и во најкомплицираните ситуации.

И за крај, нашиот клуб ќе игра чесно до крајот на првенството за разлика на некои екипи кои играат на друг начин. Ние сме свесни дека треба да преземиме чекори за да го подигниме квалитетот на екипата и ќе се потрудиме да ги корегираме организациските грешки од наша страна, но нема да дозволиме луѓето во црно и нивните контролори и понатаму да му наштетуваат на клубот затоа што ФК Пелистер е бренд.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »