Press "Enter" to skip to content

Во Битола 24 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9 пациенти, активни 231 случај

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 24.

Регистрирани сe 321 оздравени пациент од Битола се 9.

До сега во Битола има 7.402 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 231 случај.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица, нема од Битола.

Направени се 2.732 тестови преку ЦЈЗ Битола 50 и преку “Плодност“ 36.

Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499.