Press "Enter" to skip to content

Кондовски: Зелената агенда е врвен приоритет во мојата програма!

Зелената агенда е врвен приоритет во мојата програма! Една од клучните мерки во овој поглед се субвенциите за енергетски ефикасни фасади. Истражувања покажуваат дека над 30% од енергијата во внатрешните простории се губи низ обичните фасади. Решение се енергетски ефикасните фасади. Тие се долгорочна инвестиција која значи носи долгорочни заштеди.

Во таа смисла најавувам субвенции за обнова на фасадите на објектите за колективно домување во висина од 1/3 од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. Воедно, предвидуваме поддршка во истиот износ од 1/3 за санација на стари покриви на овој тип објекти. На покривите на јавните објекти во Општина Битола ќе бидат поставени фотоволтаици.

Локалната самоуправа активно ќе работи на унапредување на условите за користење на обновливите извори на енергија. Оваа технологија ќе се интегрира во локалните институции, училишта и градинки. Проектот Зелена Битола, опфаќа и субвенции за инвертер клими и соларни панели. Секоја година износот на субвенции во рамките на овој проект ќе изнесува 100.000 евра.

More from ВестиMore posts in Вести »