Press "Enter" to skip to content

Коњановски: во рок од седум дена започнувам со чекори за операционализирање и конкретизирање на активностите

Веќе полека и доаѓа крајот на оваа предизборна трка. Гарантирам дека во рок од СЕДУМ дена од моето официјално преземање на градоначалничката обврска, започнувам со чекори за операционализирање и конкретизирање на активностите кои ќе значат работа и функционирање на ОПШТИНАТА.

Тоа се прецизни акциски планови за седумте клучни подрачја:
1. Подобри услови за живот за сите луѓе кои живеат во општна Битола – најмалку две нови инвестици и нови работни места за младите.
2. Ефикасна дигитализирана општина 
3. Урбана инфраструктура веднаш, зелена и чиста Битола
4. Образование за 21 век, социјална заштита според индивидуалните потреби на секој поединец, разновидна и уникатна културна понуда.
5. Битола не смее да губи ни ден во борбата за здрава животна средина.
6. Битола топ туристичка дестинација.
7. Битола град на спортот, на спортистите и спортската публика.
 
Во првите 70 дена гарантирам, пред вас ќе ги претставам резултатите од преземените активности и плановите за остварување на 241 проект со кои што ја бараме довербата, кои ги препознавте како неопходно потребни за Битола, како решавање на проблемите со кои се соочуваме заедно и после 31 октомври заедно и посветено ќе ги реализираме.
 
Заради најмалку седум причини, на 31 октомври остануваме на заедничката страна победуваме заедно за Битола, за секој од нас, за нашите деца, нашите внуци.
1. Јас нема да се штедам и подготвен сум да ги реализирам овие 241 проект
2. Знам како да направам оперативен план и стручни тимови, тоа да биде ефикасно и ефективно реализирано
3. Општината е јавен сервис и ќе работи исклучиво во партнерство со сите вас – нејзините граѓани
4. Свесен сум дека треба некои работи од темел да ги покренеме и силно да притискаме за нивна реализација – како гасификацијата и топлификацијата
5. Тврдам дека целиот интелектуален, стручен и граѓански потенцијал ќе го мобилизирам во интерес на градот
6. Како советник со четиригодишен мандат зад себе, точно знам како функционира локалната самоуправа и како може да се подобри тоа
7. Јас сум еден од вас, сите не мачат истите проблеми и оттаму и мојата мотивираност да влезам во борбата за подобар живот на секој кој што живее во општина Битола.
More from ВестиMore posts in Вести »