Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец за издржување на затворска казна и сообраќајни контроли

На 27.10.2021 околу 21.15 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од СВР Битола и САЕ „Тигар“ на ул. „Партизанска“ во Битола лишен е од слобода 37 годишник од Битола. Притоа, при преглед кај него е пронајден и одземен метален боксирач. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на затворска казна.

На 27.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 21 мерка против возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина надвор од населено место . Отркиени се и 16 други видови. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

More from ВестиMore posts in Вести »