Press "Enter" to skip to content

Вечер во Битола премиера на “Три“ – театарска претстава на знаковен јазик

Битолски актери вечер во големата сала на НУ Центар за култура во Битола, премиерно ќе ја изведат претставата за деца на знаковен јазик “Три“во режина на Јован Ристовски. Станува збор за прв културен проект од ваков вид во земјава подготвен на знаковен јазик наменет за глувонеми и наглуви лица.

Претставата “Три“ е инспирирана од легендата на Марко Цепенков за овчарот и трите самовили, а обременета со еколошките проблеми на денешницата, а публиката ќе види Лила, Розе, Синка и Sвонко Бонбонко.Претставата “Три“ која е прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица и за останатата широка публика на македонски јазик. Претставата исто така е наменета е за широката детска публика и истовремено за децата кои се глувонеми и наглуви. Актерите паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик. Добредојдени се сите љубители на театарската уметност.

Режијата е на Јован Ристовски, а улогите ги играа Никола Пројчевски, Маја Андоновска Илијевски, Анастазиа Христовска и Сандра Грибовска. Костимографијата е на  Марта Дојчиновска, а шминка на Симона Ристевска. Толкувач на знаковен јазик: Сузана Станоевска.

Претставата освен во Битола ќе биде претставена и во други седум градови низ државата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »