Press "Enter" to skip to content

Во Битола 17 нови позитивни, 11 оздравени 11, починато едно лице на 82 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 2.964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на КОВИД-19 од Битола се 17.

Регистрирани сe 329 оздравени пациент од Битола се 11.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица, едно од Битола н возраст од 82 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 47 и преку “Плодност“ 24 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.378.530 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.708, бројот на оздравени пациенти е 188.024, на починати е 7.108, а бројот на активни случаи изнесува 6.576

More from ВестиMore posts in Вести »