Press "Enter" to skip to content

Генералниот секретар на СДСМ Николовски од “Магнолија“ порача: со заокружување на бр.12 ќе останеме на вистинскиот пат

На последнито ден од кампањата на локалните избори, пред вториот круг на изборите за градоначалник на Битола, генералниот секретар на СДСМ и претседател на Централниот изборен штаб, Љупчо Николовски одржа прес-конференција на плоштадот “Магнолија“ во Битола од кој меѓу друтото порача битолчани да му дадат доверба на нивниот кандидат Христо Кондовски.

-Од тука од Битола на испраќам пораката до битолчани. Во недела носите историка одука, одлука за иднината на Битола и регионот, дали ќе продолжи да се развива уште повече. дали ќе се врати назад во време на режим на неизвесност. Изборот е многу едноставен помеѓу, отворени, достапни и чесни политичари кои му служат на народот и доаѓаат од народот,  како што  е нашиот Христо Кондовски, идниот градоначалник на Битола. Изминатите две недели ги поминав овде во Битола, разговарав со многу битолчани со околу 200 целни групи за предлозите за тоа како Битола да биде уште поубав град, како да се фокусираме на Битола.

Битолчани, гласајте за Христо Кондовски, тој е народен човек, со него Битола е во сигурни раце, тоа е човек кој има капацитет да ја води Битола напред. Кондовски ќе му служи на народот и затоа треба да се заокружи бројот 12 на гласачкото ливче. Нема време за импровизации. Битолчани заслужуваат да живеат и работат во град кој нуди просперитет. Затоа ја барам и вашата поддршка за Христо. Во недела гласајте за нашата земја да продолжи да се нормализира, да се стабилизира и никогаш повеќе да не се врати назад режимот. Во недела заокружете го бројот 12 затоа што само така ќе останеме на вистинскиот, стратешки колосек.  

 

More from ВестиMore posts in Вести »