Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со 13 разлика го победи Металург во Скопје

Металург – Еурофарм Пелистер 25:38 (11:21)

Спортска сала “Автокоманда“, гледачи: 300

Металург: Дупјачанец, Брестовац, Бардакоски, Петров 1, Петковски. Субашевски, Хорват 7, Улисес 3, Лазаревски 2, Озтурк 9, Митиќ 1, Каковски 2, В. Маркоски

Еурофарм Пелистер: Секељи, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 2, Н. Маркоски 5, Маџовски 5, Кукуловски 2, Танкоски 3, Периќ 1, Костески 3, Кукоски, Велковски 2, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 3. Обрадовиќ 2, Табоада 3.

Еурофарм Пелистер од Битола продолжува со победите во Суперлигата, а овој пат ја победи екипата на Металург, петтиот триумф во низа, победувајќи со 25:38 (11:21).

“Пелистерци“ уште од самиот старт покажа дека екипата во Скопје е дојдена по победа, а како резултат на одличната игра беше во серија 12:3 со што го реши натпреварот, а полувремето заврши со 10 гола разлика, 11:21.

И во вториот дел “пелистерци“ продолжија со добрите игри и на средината од второто полувреме предноста се искачи на 16 гола разлика 15:31, а до крајот на натпреварот за зачуваа убедливата предност за конечни 25:38.

Најдобри стрелци со по 5 постигнати гола беа Маркоски, Маџовски и Божиќ-Павлетиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »