Press "Enter" to skip to content

Коњановски: секогаш со заложба градот да ни биде подобро место за живеењ

Мои битолчани,

На само два дена пред изборното финале, стојам пред вас со истото лице, со истиот образ и ветување што го дадов и на првиот ден од кампањата! Јас сум еден од вас, битолчанец кој својот живот, и приватно и професионално го поминав во Битола, секогаш со заложба градот да ни биде подобро место за живеење. Тоа е и единствената причина заради која влегов во оваа битка, бидејќи оваа битка не е за мене туку за Битола. За вас, моите сограѓани, за конечно да се чуе гласот на битолчани што и како ќе се працви во нашата општина.

Мои битолчани и денес го потврдувам она што ја одбележа мојата кампања:

Прво – гарантирам директно граѓанско учество во распоредувањето и трошењето на општинскиот буџет, сите заедно ќе ги одредуваме приоритетите.

Второ – јас како лекар знам да ги слушам граѓаните, знам да се консултирам, и знам да ја донесам одлуката за оптимално решение на проблемот.Трето – отвореност, чесност и работа се принципите кои се темелот на мојот карактер, а човекот го внесува својот карактер во се што работи. Каков си, такво ти е делото!

Четврто  – почитувам стручност и компетентност. На Битола и е потребна брза и решителна акција. Мора да свртиме нова светла страница, за сите нас. 

Петто – Гарантирам дека вие, почитувани мудри битолчани, го носите прогресот не само во Битола, туку во Македонија.

Шесто – силно верувам дека на 31 октомври ќе бидеме победници ние – ЗАЕДНО, ќе победи нашата Битола !!!

Седмо ! – За победничкиот број СЕДУМ – Од срце ви се благодарам за поддршката, за храброста да бидеме сојузници. Ви благодарам за вашиот глас и ве повикувам да ја потврдиме силната желба за прогрес на нашата Битола, сите заедно, масовно и силно и на 31 октомври – да гласаме за победа на Битола, за победничкиот број СЕДУМ!

More from ВестиMore posts in Вести »