Press "Enter" to skip to content

Наставничките Јасмина Ортаковска и Мирјана Тасевска наградени од “Nansen Dialogue Centre“

Одделенските наставички Јасмина Ортаковска, од II1, и Мирјана Тасевска, од III2, од ООУ “Тодор Ангелевски“ од  Битола, Нансен Дијалог Центар – Скопје ги препозна како дел од групата од дваесет посветени наставници во државата. “Нансен Дијалог Центар“е локална невладина и непрофитна организација, поддржана од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. НДЦ Скопје е профилиран како интеркултурен ресурсен центар, кој континуирано создава и развива иновативни стратегии, пристапи и ресурси за интеркултурно воспитување и образование, поддржувајќи ги наставниците и учениците во креирањето на нови и успешни интеркултурни училишни практики.Имајќи предвид дека наставничките Јасмина Ортаковска и Мирјана Тасевска ги завршиле и двата циклуси, Модул А и Б, од обуките за Интеркултурно образование, за што се здобиле со Сертификати, верифицирани од страна на трите партнерски организации (МОН; НДЦ Скопје и Совет за интегрирано образование на Северна Ирска). И дека реализирале голем број на разновидни проекти, активности со интеркултурни елементи и дека повторно самоницијативно ќе креираат нови интеркултурни практики, НДЦ Скопје ги препозна и награди меѓу најуспешните дваесет наставници од нашата држава.Покрај неколкуте пакети со материјали и нагледни средства кои ги добија во текот на нивното учество во проектите на НДЦ, за нивниот трудољубив ангажман и нивната заложба за промовирање на интеркултурни елементи, континуирано низ севкупниот воспитно-образовен процес. По повод ова признаниe, НДЦ ги награди со тоа што им обебзбеди и по еден принтер во боја EPSON, коj ќе им послужи во нивните училници за полесен и покративен секојдневен наставен процес.Мирјана Тасевска и Јасмина Ортаковска заедно со нивните ученици се доказ дека со многу труд и неизмерна љубов кон својата работа ништо не е невозможно. Нивната безрезервна заложба за успешното спојување на секојдневните активности од наставната програма со меѓународни проекти резултира со голем успех во стекнувањето на нови знаења и вештини кај учениците.Со тоа тие докажуваат дека и во Македонија наставата во училиштата може да има квалитет од светски ранг.

More from ВестиMore posts in Вести »