Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј се вратија на победите, победен Фит Фан во Скопје

Фит Фан Волеј – Пелистер Волеј 0:3

(22:25; 23:25; 27:29)

Одбојкарките на Пелистер Волеј синоќа во Битола се вратја со победа која ја извојуваа во рамките на 3. коло во Првата државна лига на Македонија, во Скопје, во салата “Борис Трајковски“ над екипата на Фит Фан Волеј. Ова е втора победа за оваа сезона и повторно во гости, повторно  нови максимални 3 бода, а победата е од голема важност по поразот во Битола во 2. коло.

Ако има разочарување кај стручниот штаб и одбојкарките по поразот во Битола, сега по победата се се врати по старо, а тренерот Роберт Митковски вели:

-Отворивме одлично со 7:0 но веднаш потоа домаќините ни дадоа до знаење дека ова нема да е лесен натпревар за нас, како и секогаш до сега. Во првиот сет иако ја имавме контролата на играта, сепак домаќините опасно се заканија, но на крај беше 25:22 за нас. Вториот сет започна обратно и Фит Фан се закани уште на самиот старт па отвори со 4:0. Имавме променливо ниво на играта, а така беше се до 22:22 но во самиот финиш останавме посмирени и го добивме и вториот сет. Во третиот сет повторно почнавме многу подобро и бевме во водство до 11 поен, но после 16 поен повторно ја загубивме предноста, а понатаму се играше изедначено, па на неколку наврати можевме да го добиеме но и да го загубиме сетот, иако први дојдовме до 24 поен, кој за финишот на натпреварот додава:

-Во финишто со неколку мудри одлуки предводени од Ана Иванович која беше најдобар поентер, како и значајното искуството на највозрасната, средната блокерка Теодора Андоновска, натпреварот го добивме со максимални 3:0. Но мора да се спомене и добрата игра на Стефани Најдановска, либерото Андреа Стојановска како и техничарката Михаела Цветановска. Коректорката Белокозовска и средниот блокер Меланија доминираа со своите блокови, а со тоа покажаа дека првиот натпревар пред домашната публика воопшто не беше вистинска слика на тимот.

Поените за Пелистер Волеј ги освоија: Ана Ивановиќ 15, Стефани Најдановска 13, Ивана Белокозовска 5, Меланија Каралиоска 5 и Теодора Андоновска 4.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »