Press "Enter" to skip to content

Пеце Милевски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: победа за сите, победа за Битола!

Идните советници во Советот на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ денес ги добија уверенијата од Опптинската изборна комисија. Оваа коалиција со општинскиот совет ќе има 13 советници, предводени од носителот на листата Пеце Милевски, актуелен претседател на Ок на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Покрај Милевски советници се Ненси Лозанче, Михаил Вангелов, Марица Тодорова, Марко Јософовски, Златко Лозановски, Бојан Бојковски, Марта Георгиевска, Анета Геогиевска, Ѓорги Ѓоргиевски, Зоран Петковски, Жанета Ангелевска и Сашо Никовски.

Милевски во негово и во име на советниците вели:

-Мои битолчани, огромна беше честа и предизвикот да ја предводам победничката листа. Уште поголема е обврската која од денес ја преземаме за развиена Битола, за исчекорување напред и поквалитетен живот на сите нас – сите граѓани на општина Битола. Ова е победничкиот тим и благодарност до сите кои беа на листата, благодарност до сите кои не поддржаа, благодарност до сите граѓани кои во нас препознаа прогрес и напредок. Останува на 31 октомври да го потврдиме нашето партнерство, почитувани граѓани, храбро и без двоумење да го избереме бројот 7 др. Тони Коњановски за градоначалник на Битола. Битола заедно ќе ја промениме со работа, проекти и победи! Победа за сите! Победа за Битола!

More from ВестиMore posts in Вести »