Press "Enter" to skip to content

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, на мини-митинг во Битола

На последниот ден од кампањата за локалните избори, пред вториот круг за избор на градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва се одржа мини митинг кај фонтаната пред Завод и музеј.  На мини митингот пред членовите на партијата и симпатизарите зборуваа кандидатот за градоначалник на Битола од оваа партија Тони Коњановски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Александар Николовски рече:-Битола мора и ќе стане подобро место за живеење, а тоа ќе го овозможи докторот Тони Коњановски. Треба да се бориме заеднички да ја градиме нашата иднина. Треба да се бориме секој еден млад човек да го задржиме тука. Тоа е нашата иднина. 30 години Република Македонија се врти во круг од исти корумпирани политички елити кои што служат на исти криминалци кои го грабаат народот. И затоа изборот во Битола е исклучително лесен, посветен човек и вистински професионалец а тоа е докторот Коњановски.

Тони Коњановски се заблагодари за соработката и поддршката која ја доби во првиот круг од изборите. Уште еднаш ги повтори 7 постулати кои ги образложи во текот на кампањата и ги повика битолчани за гласаат за него.-Ветувам и гарантирам седум работи. Гарантирам директно граѓанско учество во распределување на општинскиот буџет, јас како лекар знам да ги слушам граѓаните. Отвореност, чесност и работа се принципи по кои ќе работам, потоа почитувам стручност и компетентност, гарантирам дека вие го носите прогресот, не само во Битола, туку и во Македонија, ќе победи нашата Битола, џабе им се скапите кампањи, нема да им помогне поткупот, притосоките кои се засилија. Ние не се плашиме зошто во недела победуваме, зошто победува Битола.