Press "Enter" to skip to content

Феникс АМС првиот дел од полусезоната во нивното учествто во Супер лигата го одбележа со неформално дружење (фото)

Новиот суперлиаш од Битола, женскиот ракометен клуб Феникс АМС, ракометарките и управата со дружење со клупските спонзори, пријатели и новинарите го одбележа првото суперлигашко натпреварување во нивната историја. Како истакнаа на средбата тие се задоволни од тоа како се претставиле пред ракометна публика во Битола и на гостувањата, а посебно се горди на тоа што никаде не биле надиграни иако доживеја порази, а причините не сакаа да ги коментираат на свечениот ден за нив. 

Младиот член на Женската лига од Битола пред два дена го одигра натпреаврот на гостувањето во Куманово, каде загуби од ЖРК Куманово, во храбра игра и натпревар со осумдесет гола. Сепак, 16-годишните девојчиња, меѓу нив и неколку репрезентативки, ја исполнија целта да ја запишат првата победа во највисокиот ранг на натпреварување.

-Логично е да се очекува екипата која со години работи заедно, а и историјата на клубот тоа го налага, да го доживее врвот со учество во Суперлигата. Можеби е малку избрзано, но имавме одредени ситуации преку кои не можевме да минеме и моравме да се пријавиме за настап. Морам да потенцирам дека оваа генерација на ракометарки се 16-годишни девојчиња. Тоа можеби е мала возраст за настап во Суперлигата, но ситуацијата тоа го налагаше и ние ја пријавивме екипата за настап. Традицијата на клубот од 1998 година до денес покажува дека огромен број ракометари и ракометарки поминале низ Феникс АМС, па оваа е една од генерациите која можеби најмногу ветува, бидејќи како најмлади влегуваме во Суперлигата, рече во името на клубот и стручниот штаб,  Роберто Пашиќ за учеството во Супер лигата и додаде: -Мина првиот дел од полусезоната, првиот круг го одигравме согласно плановите и верувам дека со стекнатото искуство, ќе имаме подобри резултати. Искуството ни недостига, посебно мислам на искуство во Суперлигата. Девојчињата имаат и меѓународно искуство, тука е и настапот на нашиот турнир „Феникс Куп“, така да им фалеше само уште Суперлигата. Ова е за првпат да играат во оваа категорија и секоја минута на терен значи искуство за во иднина.Ростерот го сочинуваат кадетки, сите девојки од битолската школа, која низ историјата дала многу репрезентативки и квалитетни интернационалки, а најдобриот клупски стрелец оваа сезона, Емилијана Ризовска во тимот на Феникс АМС за нивното суперигашко искуство и за своето репрезентативно ангажирање рече:-Како млад и амбициозен клуб цел ни беше да растеме и да напредуваме. Сакаме да бидеме еден од младите клубови кои ќе го докажат својот квалитет во иднина. Јас сум задоволна од сезонава, немавме најдобри резултати, но нашата игра се истакна.  Имаме квалитетен тренажен процес и одлични услови. Направен е добар план за во иднина и целиме кон место меѓу четирите најдобри екипи, кои водат во понатамошниот тек на лигата.  Среќна и исполнета сум кога играм и за репрезентацијата на Македонија. Самото пеење на химната ме исполнува. Условите за тренинг и стручниот штаб се на високо ниво. Ми се допаѓа системот на Савевски и брзата игра која ја негува.

Голманката Јана Кокиновска зборуваше за предизвиците кои им ги понуди Супер лигата, за ентузијазам на екипата која ја води Николче Костовски и за амбициите на овој млад ракометен колектив рече:-Како што знаете ова е прва сезона како Феникс АМС игра во Суперлигата. Сите девојки сме релативно млади и заедно ги минуваме предизвиците на највисокиот степен на натпреварување во нашата земја. Добро се снаоѓаме, напорно работиме и мислам дека нема огромни разлики меѓу нас и другите екипи.  Различен е степенот на натпреварување, но добро се снаоѓаме. Поголема е конкуренцијата, но се трудиме она што го работиме да го пренесеме на теренот. Ова е само почеток за нашата екипа. Како тим имаме големи амбиции. Ја забележавме нашата прва победа во Суперлигата и планираме таа да биде една од многуте сезонава. Млада екипа сме, но режимот на работа, добрите тренинзи и добрата организација на клубот ќе ни донесе напредок во текот на сезоната.

Деспина и Гевгелија се следните предизвици за битолчанки во месец ноември. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »