Press "Enter" to skip to content

Фото вест: сообраќајка на “Баталјон Стив Наумов“ со голема материјална штета

Улицата “Баталјон Стив Наумов“ во Битола, вечерва беше затворена за сообраќај поради сообраќајна незгода во која учествуваа две патнички моторни возила, со битолски сообраќајни таблички.

Дека се работи за сообраќајна несреќа со поголема материјална штета може да види и од фотографијата која е направена на место на несреќата, а едното возили “рено“ беше подигнато со шлеп-служба.

За време додека траеше увидот на местото на несреќата полицијата ги пренасочуваше возилата од крстосниците кај “Бела чешма“ и кај старата ветеринарна станица по околните улички, се до 20,30 минути кога беше нормализиран сообраќајот.

More from ВестиMore posts in Вести »