Press "Enter" to skip to content

Во Битола 24 нови позитивни на ковид-19, оздравени 14, починато едно лице на 61 година

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.145 тестирања, а регистрирани се 495 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 24.

Регистрирани сe 308 оздравени пациент од Битола се 14.

До сега во Битола има 7.443 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 245 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица, од Битола ено лице на возраст од 61 години.

Направени се ЦЈЗ Битола 63 и преку “Плодност“  43 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.

More from ВестиMore posts in Вести »