Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 го победи Вардар во Битола за сензација во Супер лигата (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 27:26 (14:11)

Спортска сала “Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 2.000
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Јовановски, Ристевски, Кузманоски 4, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Петровиќ 4, Андонов, Димитриоски 3, Димитровски, Талевски 1, Пет, Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 1, М. Ѓукиќ 2, Блажевски, Арсеновски 3

Вардар 1961: Томовски, Ристовски, Стоилов 1, О. Њокас 1, Моралес 4, Георгиевски 6, Карапалевски 2, Савревски, Тото 6, Гаџа 1, Талески 2, Крстевски, Д. Ѓукиќ 3, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски.Еурофарм Пелистер 2 во Битола го направи најголемото изненадување во Супер лигата, сензационално го победи двократниот европски првак и шампион на Македонија, Вардар, со резучтат 27:26, полувреме 14:11 и му направи директна услуга на Еурофарм Пелистер.  Младите битолчани водеа во текот на сите шеесет минути, а Вардар ниту еднаш немаше предност во Битола.Еурофарм Пелистер натпреварот го започна со ефектни голови кои ја “кренаа“ на нозе публиката која, поведоа со 5:2, а Вујовиќ побара минута одмор. Потоа Вардар намали на 9:7 во 20. минута. Следуваа одличните одрбрани на домашниот голман Трајкоски, по кои Еурофарм Пелистер дојде +5. На само секунда пред крајот Вардар намали на -3, со гол на кој реагираа домашните, но на одмор се отиде со +3 за Еурофарм Пелистер 2, 14:11.И во второто полувреме Трајковсии продолжи со одличните одбрани, а предноста на битолани беше 3-4 гола, а и голманот на Вардар, Томовски со неколку одбрани одбрани и три пенали, ги враќаше “вардарци“. Предноста на Пелистер беше +1, во 54. минута, а Вардар потоа изедначи во 56. минута.Следуваше невидено борбена завршница на младите “пелистерци“ во последните 4 минути, кога со головите на Атанасијевиќ и Арсеновски донесоа недостижни +2 на само мунита пред крајот, а потоа уште поборбени 60 сек0ундима сите. Стоилов со звукот на сирената успеа само да ублажи на 27:26,а  потоа следуваше големата радост на младите “пелистерци“.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Павле Атанасијевиќ со 6 и Кузманоски и Петровиќ со по 4 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »