Сензационалната победа на младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 им донесе голема и заслужена радост, но и на публиката и секако сопствениците на клубот.Години нанаад во Битола немало ваков ракомет, ракомет во кој ракометарите со толкава борбеност му се спротиставија на големиот Вардар, двократниот шампион на Европа, борбеност која може да биде за пример на сите спортисти, како се сака и како се гине за боите на клубот.
Големата борба за победата им донесе и голема радост на ракометарите кои заедно со навивачите кои беа осми играч во Битола. Радост во која се радува Благојче, Папата, Чек, претседателот Зоран, навивачката хрупа “Чкембари“, кошаркарите кои ги бодреа, ветераните “Чкембарите“, а во тој момент со многу емоции на паркетот во салата имаше и солзи радосници кај некои млади ракометари, кај Бојан…
Заслужена радост бодејќи години наназад никој освен нивните “постари браќа“ од единицата го нема победено Вардар и затоа дел од ракометарите завршија кај публиката за заеднички да го поделат успехот.
Моменти на радост кои ги пренесуваме низ фотогалерија, но чувството вечерва да се биде дел од оваа победничка атмосфера во Битола, не може да се опише, а она што го доживеаја младите ракометари и публиката е едно и единствено, а така беше и во соблекувалната на “пелистерци“.

Моменти на радост кој секогаш ќе ги паметат младите ракометари и публиката во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Легендата на македонското алпско скијање“ од Лилјана Спировска (фотогалерија)
- Поплава во рудникот Суводол по вчерашното невреме, ископот на јаглен продолжува во отежнати услови
- СВР Битола: ноќеска 20 возачи возеле под дејство на алкохол
- Во Битола променливо облачно и нестабилно
- Фото вест: две кошаркарски легенди кои ги “личи“ да бидат “на кошарка“
More from СпортMore posts in Спорт »
- Промовирана книгата “Легендата на македонското алпско скијање“ од Лилјана Спировска (фотогалерија)
- Пелистер го победи Еуро Никел во Битола и го направи првиот чекор кон финалето (фотогалерија)
- Жарко Пешевски нов кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер, во Битола останува три години
- За развој на светското џудо за Ѓуро Илиќ од Битола, нов мајсторки појас, 7 дан, од Американската џудо ранг асоцијација од Њујорк (фотогалерија)
- Денес прво полуфинале во кошаркарскиот плеј-оф, Пелистер во Битола го пречекува Еуро Никел