Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на Пелистер во Битола, поразен од Македонија ЃП (фотогалерија)

Пелистер – Македонија ЃП 0:2 (0:2)

И по 12 одиграни кола екипата на Пелистер останува без победа, денес во Битола, под Тумбекафе е поразена од Македонија ЃП со 0:2, а со овој пораз на “пелистерци“ ќе им претстои тешка битка за опстанок во лигата. Поради црвениот картона на Капинковски на клупата на Пелистер беа тренери Пашовски и Ганчев. На отворањето на натпреварот во Битола во 3. минута екипата на Македонија ЃП, поведе со 0:1, со голот на Емини. Најзрелата шанса за израмнување беше обидот на Јуфо од мртов агол. Во 33. минута пак битолската одбрана постави погрешна офсајд стапица, Попзлатанов го пронајде Филиповски, а овој со прецизна дијагонала зголеми на 0:2.Во второто полувреме екипата на Пелистер не успеа да го најдат патот гол за враѓање во игра.  Во 51. минута Драгарски биеше по еден корнер, но не реализира, а следуваа шанси на Македонија Ѓорче Петров.Пелистер и следната недела ќе има домашен натпревар, против екипата на Струга Трим Љум.

More from ВестиMore posts in Вести »