Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: закана со огнено оружје, физички наад врз полицаец, нападнат малолетник

На 29.10.2021 во 17,20 часот СВР-Битола, В.Б.(66) од Битола пријавил дека на ул.“Стерјо Ѓоргиев Џоџа“ 31годишно лице од село Лавци му се заканувал со огнено оружје. Истиот ден во 21,30 часот во СВР-Битола бил извршен разговор со пријавениот и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 29.10.2021 во 14,30 часот во СВР-Битола бил лишен од слобода 41 годишник од Битола затоа што на ул. „Филип Втори Македонски“ физички нападнал полициски службеник. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 29.10.2021 во 21,00 часот во СВР-Битола, В.Д. (42) од Р.Албанија, пријавила дека истиот ден околу 15,30 часот во село Долно Српци–битолско нејзиниот малолетен син бил физички нападнат. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »