Сензационалната победа на младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 им донесе голема и заслужена радост, но и на публиката и секако сопствениците на клубот.Години нанаад во Битола немало ваков ракомет, ракомет во кој ракометарите со толкава борбеност му се спротиставија на големиот Вардар, двократниот шампион на Европа, борбеност која може да биде за пример на сите спортисти, како се сака и како се гине за боите на клубот.
Големата борба за победата им донесе и голема радост на ракометарите кои заедно со навивачите кои беа осми играч во Битола. Радост во која се радува Благојче, Папата, Чек, претседателот Зоран, навивачката хрупа “Чкембари“, кошаркарите кои ги бодреа, ветераните “Чкембарите“, а во тој момент со многу емоции на паркетот во салата имаше и солзи радосници кај некои млади ракометари, кај Бојан…
Заслужена радост бодејќи години наназад никој освен нивните “постари браќа“ од единицата го нема победено Вардар и затоа дел од ракометарите завршија кај публиката за заеднички да го поделат успехот.
Моменти на радост кои ги пренесуваме низ фотогалерија, но чувството вечерва да се биде дел од оваа победничка атмосфера во Битола, не може да се опише, а она што го доживеаја младите ракометари и публиката е едно и единствено, а така беше и во соблекувалната на “пелистерци“.

Моменти на радост кој секогаш ќе ги паметат младите ракометари и публиката во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Со “Пикник за дружење“ го одбележаа Меѓународниот ден на детето Општинскиот совет за превенција за детско престапништво и „Сложувалка срце“ (фотогалерија)
- Ќе започне со работа новиот центар за полагање на возачки испити
- Еурофарм Пелистер го победи Охрид и закажа финале со Вардар во Купот
- “Вичо во Пламен“: Книга-сведоштво за заборавените гласови од Егејска Македонија (фото)
- Билтен на МВР: апсење поради криумчарење на тутун и текстил во Демир Хисар
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер го победи Охрид и закажа финале со Вардар во Купот
- Заеднички прес пред Купот на градоначалникот на Охрид, престедателот на РФМ и екипите учеснички
- Алонсо и Митревски пред полуфиналето од Купот: прво да победиме денес, а потоа ќе размислуваме за финалето
- Министерството за спорт со 1,5 милиони денари го награди младите ракометари на Еурофарм Пелистер за пласман во Ф4 во Келн
- Ветеранките на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола повторно на паркетот