Press "Enter" to skip to content

Во Битола 17 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9, починато едно лице на 60 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 17.

Регистрирани сe 208 оздравени пациент,  од Битола се 9.

Во Битола до сега 7.460 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 252 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, едно починато лице од  Битола на возраст од 60 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 67 ковид тестови и “Плодност“ 54 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.

More from ВестиMore posts in Вести »