Press "Enter" to skip to content

И ладнокрвниот Јовиќ синоќа попушти: можеби е сензација, но победата е заслужена

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 направија сензација во Супер лигата и во Битола го победија Вардар, а ова е нивни пораз, а по победата и ладнокрвниот Јовиќ кој одлично гоо водеше натпреварот попушти, му се израдува на победата, им отпоздрави на навивачите кои гои скандираа неговото име. Потоа рече дека е горд на тимот, дека победата е заслужена и тешко извојувана и мотив за иднината.

-Направивме сензација во македонското првенство. Вардар во Битола дојде ослабен денес, без неколку стандардни првотимци, пред сè Тимур Дибиров. Нашата екипа одигра феноменално, борбено и одлично во сите сегменти. Заслужено победивме бидејќи водевме целиот натпревар. Ова е голема победа за овие млади играчи да ја кренат самодовербата. Мора да веруваат во себе, тие имаат голем потенцијал и како поединци и тимски.  Имавме пад во претходните две кола. Овој триумф дојде како мелем за неуспесите претходно. Имаме капацитет и млада екипа, одлични поединци кои може да се изградат за во иднина да бидат првотимци и репрезентативци. Треба време и трпение и да не се брза. Што се однесува до публиката, јас сум горд на тоа што го видов и благодарен на цела битолска јавност до „Чкембарите“ што дадоа огромна поддршка. Битола заслужува да има врвен ракомет и мислам дека полека но сигурно тој се враќа во градот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »