Press "Enter" to skip to content

Тони Коњановски, нов градоначалник на Битола: Битола одбра промени, Битола одбра проекти, Битола победи

По обработувањето на гласачките ливчиња во изборниот штаб на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија дека  Тони Коњановски е новиот градоначалник на Битола, а потоа прес конференција одржа Коњановски, на која рече: -Благодарам за оние кои излегоа во првиот круг и повторно ја повторија својата поддршка во вториот круг. Благодарам за сите оние кои храбро, достоинствено, гордо, оддолееја на притисоците кои беа присурни го дадоа својот глас за подобра Битола, за подобро место за живеење за сите нас. Битола одбра промени, Битола одбра проекти, Битола победи. Благодарам уште еднаш од срце, за сите кои во изминатите пет недели напорно работевме, и го издрѓаме да дојдем до оваа конечна голама победа за битолчани. Ги повикувам сите граѓани да ја дадам својата поддршка, повторно во она што од утре не очекува, а од утре не очекува многу работа и  многу труд, градот да го направиме подобро место за живеење за сите нас, за нашите деца, за нашата иднина. Повторно да ги закопаме секирите и заедно да тргнеме во нови победи, градот да биде она што го заслужува, Битола да биде на битолчани.  Да ние жива и здрава Битола, здрави и живи битолчани.

More from ВестиMore posts in Вести »